МакедонијаНајново

Владата ќе му даде на Град Скопје 70 милиони евра за проектот брз автобуски превоз – БРТ

Владата на денешната седница донесе одлука за поддршка на Град Скопје за реализација на проектот брз автобуски превоз – БРТ. Проектот предвидува изградба на две линии во Скопје, едната Исток–Запад и втората Север-Југ, набавка на CNG/хибридни нископодни БРТ возила, патнички информативен систем, паметни станици, како и интеграција во системот на управување со сообраќајот во Градот. Ќе се реализира со заем од 70 милиони евра поддршка од ЕБРД, а Владата ќе ги трансферира овие средства во вид на неповратни средства за Град Скопје.

За владината одлука информира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на Фејсбук, нагласувајќи дека Владата преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии овозможува силна поддршка на Град Скопје за реализација на проектот брз автобуски превоз – БРТ.

На денешната седница на Владата, ја потврдивме подготвеноста за изградба и воспоставување на еден нов современ градски сообраќаен систем преку кој ќе ја подобриме ефикасноста и економичноста на транспортната мрежа во Градот. Проектот предвидува изградба на две линии во Скопје, едната Исток–Запад и втората Север-Југ, набавка на CNG/хибридни нископодни БРТ возила, патнички информативен систем, паметни станици, како и интеграција во системот на управување со сообраќајот во Градот. Проектот ќе се реализира со заем од 70 милиони евра поддршка од ЕБРД, а Владата ќе ги трансферира овие средства во вид на неповратни средства за Град Скопје. Рокот за завршување на овој значаен проект е февруари 2029 година – истакна Николоски.

Вицепремиерот и министер за транспорт нагласи дека развојот на главниот град ја наметнува потребата од воведување нови сообраќајно-транспортни решенија кои ќе овозможат поефикасен транспорт за граѓаните.

– Министерството за транспорт во соработка со Град Скопје ќе обезбеди соодветната инфраструктура за овој тип на превоз, а дополнително со проектот за Градски воз и набавката на новите еколошки електрични автобуси ќе понудиме комбиниран систем на транспорт во Скопје преку кој значително ќе ја подигнеме точноста и ефикасноста на градскиот јавен превоз, додаде Николоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons