Владата ги провери документите кои ги достави СДСМ и ги отфрли шпекулациите и неточните наводи
Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Инспекцискиот надзор спроведен од Управниот инспекторат се однесува на аспекти на архивското работење и не утврдил незаконско постапување.
Оваа административна пракса на работа е воспоставена уште во 2017 година и континуирано се применувала под раководство на министри од СДСМ и ДУИ во претходните влади.
Ако по логиката на Кузевска тоа е прекшување на законите, тогаш значи дека законот бил прекршен од Владата на СДСМ и ДУИ.
Владата останува посветена на транспарентноста и ги повикува сите заинтересирани страни на увид во документацијата за целосно и точно информирање на јавноста како и што повика Министерството за животна средина и просторно планирање.
Oстануваме посветени на законито и професионално работење во интерес на граѓаните