ВИДЕО: Се запали автобус на автопатот Велес-Скопје, патниците бегале
Патнички автобус со прилепски регистарски таблички попладнево се запалил на автопатот Велес – Скопје, во близина на наплатната станица Отовица.
Според информациите, благодарение на брзата реакција, сите патници навреме го напуштиле автобусот и нема повредени лица.
Од видеото што се шири на социјалните мрежи може да се види дека автобусот е целосно во пламен, а сообраќајот е во прекин.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по пријавата на местото биле испратени екипи на Територијалната противпожарна единица и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.
Се уште не се познати причините за пожарот.
https://www.facebook.com/share/r/1Dkg9Ez6Fv/?mibextid=wwXIfr



