(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Пожар во воен објект
Гори руски воен објект во Белогорд.
Видео од пожарот се појави на социјалните мрежи. Местото се наоѓа близу до украинската граница.
Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, на Телеграм објави дека избувнал пожар во објект на Министерството за одбрана, објави Си-Ен-Ен.
„На границата на три општини – областите Борисов и Белгород и урбаниот округ Јаковлевски – се случи пожар на територијата на еден од објектите на Министерството за одбрана на Руската Федерација“, напишал тој.
Во неколку наврати, Русија ја обвини Украина дека гранатирала руски села близу границата, но овие наводи Украина не ги потврди. Војната во Украина почна на 24 февруари и засега нема сигнали дека двете земји ќе стават крај.
фото Принтскрин