Верстапен: Потребно е повеќе за шампионскиот трофеј
Следната трка од Светскиот шампионат во Формула 1 ќе се вози на 13 април во Бахреин.
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, зборуваше за неговите шанси за петта последователна титула.
– Ни претстои многу работа, бидејќи сè уште имаме ограничувања, но учејќи за нив, се обидуваме да го разбереме нашиот максимум, со кој можеме да покажеме најдобро темпо. Потребно ни е повеќе за да се бориме за титулата оваа сезона, изјави Верстапен за Sky Sports.
Минатиот викенд Холанѓанецот беше најбрз на трката за Големата награда на Јапонија возена на петаката „Сузука“.
Следната трка од Светскиот шампионат во Формула 1 ќе се вози на 13 април во Бахреин.
По првите три трки, Верстапен е на второто место со 61, бод, еден помалку од лидерот Ландо Норис (Мекларен). (МИА)