Македонија

Велигденско јајце од 2,3 метри поставено во дворот на црквата „Св. Кирил и Методиј“ 

Во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден, православните верници од тетовските населби Певчина, Два Бреста и Поток изработија впечатливо Велигденско јајце високо 2,3 метри, кое го поставија во дворот на црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово.

Импозантното јајце беше изработувано неколку дена во домашни услови, во дворот на приватна куќа, при што беа користени едноставни, но креативно искористени материјали како стиропор и гипс. Верниците велат дека користеле она што го имале на располагање, вложувајќи труд и љубов кон верата и традицијата. Јајцето има висина од 2 метри и 30 сантиметри и обем од околу 160 сантиметри.

Со помош на камион опремен со дигалка, изработеното јајце беше транспортирано и внимателно поставено во дворот на храмот, каде ќе биде симболична декорација во текот на велигденските празници.

Старешината на храмот, отец Александар Стојановски, објаснува дека во православната традиција, јајцето е симбол на животот и воскресението, носејќи порака за нов почеток и духовна обнова.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons