МакедонијаНајново

Вежбовни активности на припадниците на Вооружените сили на САД на полигонот Криволак 

На армискиот полигон „Криволак“ припадници на Вооружените сили (ВС) на САД што се дел од мисијата КФОР во Косово изведуваат обука и гаѓање со два воздухоплови од типот УХ-60 „Блек Хок“, кои се реализираат во периодот од 20 до 26 август.

„Овој вид вежбовни активности на АП Криволак, на припадниците на Вооружените сили на САД во рамките на мисијата КФОР, кои се реализираа и претходно, ги потврдуваат и промовираат можностите што ги дава овој наш најголем капацитет за изведување вежбовни активности од страна на вооружени сили на странски држави“, се вели во соопштението од Генералштабот на Армијата.

Претходно, се додава во него, Армискиот полигон Криволак ги исполни сите побарувања кои ги бараат овој вид на активности, а тоа, како што велат од ГШ, истото се потврдило и со изведување на најголемата воена вежба со воздухоплови „Брз одговор 22“.

„Армијата на РСМ покрај овозможување на непречено користење на полигоните и стрелиштата на АП „Криволак”, за време на активностите ја овозможи и потребната воено полициска придружба за време на транспорт на припадниците на ВС на САД, и доколку е потребно обезбедува соодветна медицинска и логистичка поддршка на активностите“, велат од ГШ на АРМ.

Оттаму додаваат дека активноста се изведува согласно со одлуката на 68. седница на Владата, со која е одобрено влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Македонија заради учество на обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на Соединетите Американски Држави на Армискиот полигон Криволак.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons