Васев: Народот сака правна држава и систем кој ќе функционира, каде секој ќе биде еднаков пред законот, и ќе има одговорност
Светислав Васев: Вечерва бевме во Градско, стотина жители од Градско присуствуваа на собир во рамки на акцијата “Ова е Македонија”, народот овде ги чувствува последиците од лошото владеење на СДС. Катастрофалните економски политики на власта, и овде како и на секаде низ Македонија допринесуваат за иселување. Но пред се народот сака правна држава и систем кој ќе функционира, каде секој ќе биде еднаков пред законот, и ќе има одговорност.
Безнадежноста мора да ја промениме во перспективност. Народот бара промени и просперитет. И тие промени ќе ги донесеме.