Спорт

Валенсија „пишман аџија“, сега му нуди нов договор на Столе Димитриевски

Од управата на шпанскиот клуб изјавија дека преговараат за продолжување на договорот со Димитриевски

До неодамна се претпоставуваше дека Валенсија ќе го пушти нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски (32) да си замине на крајот од сезонава. Сепак, по повредата на Хулен Агирезабала (25), Македонецот се етаблира како стартер, а клубот сега размислува за обновување на неговиот договор.

– Постојано ги анализираме договорите што ги имаме потпишано со нашите играчи, а во случајот на двајцата (Димитриевски и Тјери Кореја) разговараме со нивните агенти – призна спортскиот директор Рон Гурлеј.

Доколку Валенсија ја искористи својата опција да го продолжи договорот на Столе за уште две години или постигне друг договор што ќе го гарантира неговото понатамошно присуство, се чини дека Агирезабала ќе се врати во Атлетик.

Договорот за позајмица потпишан со баскискиот клуб вклучуваше опција за откуп од околу 12 милиони евра, која Валенсија во моментов нема намера да ја искористи.

– Во случајот со Столе Димитриевски, неоспорниот стартер по повредата на Хулен Агирезабала, Валенсија може еднострано да го продолжи неговиот договор за две години со подобра плата. Клубот сака да го стори тоа, но играчот мора да даде согласност (никој не игра за тим против своја волја) – пишува шпанскиот спортски медиум „Елдесмарке“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons