Бројот на разводи во Македонија драстично зголемен: Најчесто се разведувале млади брачни парови во месец декември
Во 2021 година се случиле 1.964 разводи, што претставува зголемување од 25.2 % во споредба со 2020 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во текот на годината, најмалку бракови, 70 или 3.6 %, се разведени во месец август, а најмногу, 202 или 10.3%, во месец декември.
Според возраста, најголем број разводи се случиле во старосната група од 35 до 39 години, и тоа 364 или 18.5% кај жените и 365 или 18.6 % кај мажите.
Според траењето на бракот, најмногу разводи, 451 или 23.0 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.