БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ НАДМИНА 3.000 – ноќта и студот ги отежнуваат напорите на спасувачите
Дождот и снегот кои на места ги има изобилно, падот на температурата со доаѓањето на ноќта и темнината дополнително ги отежнуваат напорите на спасувачите во спасувачките операции во Турција и Сирија.
Бројот на жртви продолжува да расте бидејќи илјадници луѓе се затрупани под урнатините на зградите. Светската здравствена организација соопшти дека очекува конечниот број на загинати да биде значително поголем.
Бројот на загинати во Турција се искачи на 1.762, потврди Министерството. Повредени се најмалку 12.068 луѓе.
Бројот на загинати во Сирија се искачи на 1.293, а 3.411 лица се повредени.
Вкупниот број на загинати во Турција и Сирија во моментов е 3.055.