Боки 13 се повлекува од наградната игра која ја најавија со Лазаров: Еве зошто
Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13 и јутуберот и инфлуенсер Стефан Лазаров неколку недели наназад го најавуваа според нив најголемиот Giveaway што ќе се случи во државата. Најавија неколку дестинации т,е градови и локали и дати за делење на награди, а тоа го најавија бомбастично и со поддршка од неколку компании.
Инспектори на УЈП вчеравечер влегле на настанот кој го најавуваа двајцата во познат локал во Штип поради организирање на наградна игра без дозвола, објави радио Лидер.
Повеќе детали за акцијата на УЈП прочитајте овде, а утрово на социјалните мрежи, Боки 13 најави дека се повлекува од Giveaway- ot поради како што напиша неговата влошена здравствена состојба. Целото негово излагање ви го пренесуваме во целост:
„Поради нанесениот и преживеан стрес, а во насока на мојата влошена здравствена состојба, ви соопштувам дека во овој момент се повлекувам од моето јавно појавување како гостин и промотивно лице на забавниот инстаграм формат GIVEAWAY кој е во организација на мојот најдраг пријател Stefan Lazarov .
Му давам максимална морална и пријателска поддршка на Стефан за успешно завршување на проектот.
За сите останити прашања, коментари и ставови одговорите ќе ги дадам при моето гостување во @lazarovpodcast во вторник на 17.12.2024 во 21ч
Ви благодарам од срце на сите за вашата најискрена поддршка која ми ја дадовте во огромен број во овој период.
Со почит,
Бојан Јовановски – Боки13
П.с бедна е среќата која се темели на нечија болка и солзи…“.