Бог никогаш не доцни, сè во животот се случува со причина
Толку пати сум го слушнала тоа клише за средба со вистинската личност, во вистинско време. Дека сè се случува кога ќе се случи и дека само треба да веруваш во добри работи и тие ќе се случат и дека некое внатрешно чувство ќе ми каже која одлука е правилна. Овој „рецепт“ за среќа само ме нервираше со години, а за мене тие реченици немаа никаква смисла.
Како да знам дека ја најдов вистинската личност, работата за која сонував цел живот и слично?
Живеев просечно, запознав секакви луѓе, се дружев, се забавував и раскинував, се вработив и дадов отказ, правев грешки и продолжив. Сепак, никогаш немав чувство дека целосно правам нешто добро, нешто што ме прави среќна.
Сето тоа траеше точно до моментот кога се родија првите сомнежи. Првите ноти на болка во моето срце и душа. Точно до моментот кога сфатив дека цело време само трчам во круг. Не чувствував ниту задоволство ниту радост. Еден ден ми дојде една мисла и решив да го претворам животот во нешто добро, во нешто многу добро. Имаше само едно прашање: „Како?
Уште од детството ме учеа дека вистинските работи сигурно ќе дојдат. Луѓето на кои се огледував беа убедени дека никогаш не треба да се задоволувам со мали нешта.
Тоа значи дека треба да ги пуштиме во животот само оние луѓе кои се слични на нас, кои од нас го извлекуваат само најдоброто, кои нè мотивираат. Да ги избираш само оние работни места што ти го исполнуваат срцето. Да одиме напред и да не гледаме назад.
Постојано ме потсетуваа дека Бог има план, а мојата работа е целосно да му верувам и дека ќе најдам мир и хармонија само кога ќе се откажам од себичните желби.
На почетокот погрешно го разбрав овој совет. Мислев дека речиси секоја личност што влегува во мојот живот е вистинската и дека е таму со причина. Сепак, тоа не е така. Бог ни испраќа различни луѓе и ситуации. Некои се вистински, а некои се таму да нè научат нешто. Наше е да ги направиме вистинските избори.
Мислев дека ако се обидам да ја сменам ситуацијата, моите пријатели ќе се подобрат, но тоа е далеку од вистината.
Кога вистинската личност е до вас, било да е тоа пријател или партнер, ќе го почувствувате тоа. Кога чувствувате неверојатна смиреност во градите, чувствувате дека виша сила ве води. Во исто време се раѓа и внатрешна самодоверба дека сте на вистинскиот пат и со вистинската личност. Единствените ситуации кои предизвикуваат такви чувства кај вас се оние на кои треба да потрошите време.
Големата вистина е: Ако нешто не е во ред, не само што ќе го почувствувате, туку и сигурно ќе го знаете. Ќе има прекрасни откритија и горчливи разочарувања на вашиот пат. И вашата задача е да почувствувате што е правилно, а што не. И што е најважно: повторете како мантра дека порано или подоцна ќе дојдете до она што е навистина ваше.
Кога ќе го пуштиш Бог во твоето срце, се открива вистинската убавина на сè, без разлика што ќе допреш. Сега ова старо клише: „Ако нешто не е во ред, ќе го почувствувате“ – станува многу појасно.
Сите ние со години талкаме во потрага по „правото“, често се задоволуваме со помалку отколку што заслужуваме, наместо да ги носиме правилните одлуки од самиот почеток. Иако, можеби никогаш не би знаела да ценам што е добро, доколку не направив погрешни избори низ годините. Можеби сето тоа беше дел од моето животно патување и некаква лекција што ме научи на благодарност.
Бог има совршен план за секој од нас и секогаш нè води до целта, а колку талкаме до таа цел зависи исклучиво од нас самите. На патот ќе наидеме на пречки и можности. Колку време ќе ни биде потребно за да го достигнеме врвот зависи од нашиот избор и вербата во подобро утре.