Македонија

Блескави млади математичари од Македонија донесоа злато и сребро од Олимпијадата во Австралија 

Младите математичари од Македонија, Алексиј Тасиќ и Дамјан Давков остварија голем успех на меѓународен натпревар во Австралија, а дома се враќаат со златен и сребрен медал, пишува порталот „Умно“.

На 66. Интернационална олимпијада по математика која се одржува во Саншајн Коуст, Квинсленд во Австралија, златен медал за Македонија освои Тасиќ, а сребрен – Давков. И двајцата ученици се повеќегодишни познати претставници на земјава на меѓународните математички натпреварувања. Ова е прво злато за Тасиќ, а вкупно трето за Македонија на светската математичка олимпијада. 

Пофалници освоија Ивано Божиновски, Леонид Тодороски и Марко Серафимовски,а на олимпијадата успешно се претстави и Бранко Јангеловски.

Македонското учество на олимпијадата го организира Сојузот на математичари на Македонија. Нашата репрезентација ја водеа менторите Илија Јовчески од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје и Мирко Петрушевски од Машинскиот факултет во Скопје, пишува „Умно.мк“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons