Спорт

Белгијците стравуваат дека ова беше последен голем турнир за Де Брујне

Белгиската репрезентација го заврши настапот на ЕП во Германија по денешниот пораз од Франција, со што „црвените ѓаволи“ комплетираа уште еден неуспешен престижен турнир на кој не успеваат да го искористат големиот потенцијал во составот.

Капитенот Кевин де Брујне и неговите колеги не успеаја да отидат подалеку од осминафиналето откако не импресионираа и во групната фаза, а главна грижа за фановите е стравувањето дека ова можеби беше и последно првенство со актуелната ѕвезда на Манчестер Сити во тимот.

По елиминацијата само се зголемија шпекулациите дека Де Брујне ќе дигне раце од националниот тим и ќе му се посвети само на својот клуб во иднина, но капитенот не сакал директно да одговори на прашањето.

– Се уште е рано за носење одлука дали ќе продолжам во националниот тим.

– За мене ова беше долга и тешка сезона, мора да го одморам телото и тоа е приоритет. Одлуката ќе биде донесена по крајот на летото, – рекол Де Брујне.

Кевин дебитираше во националниот тим во 2010 година, но по неколку турнири на кои Белгија не се квалификуваше, од 2014 година наваму е редовен учесник на СП и ЕП. Белгијците најдалеку отидоа на СП во 2018 година, кога го освоија третото место.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons