Белата куќа до граѓаните на САД: Трамп и понатаму е претседател на Америка
Доналд Трамп и понатаму е претседател на Соединетите Американски Држави, им порача Белата куќа на граѓаните по поразот на Републиканската партија на изборите за Сенатот и Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.
Истата порака претходно денес ја упрати и директорот за комуникации на Белата куќа Стивен Чунг, според извештаите на медиумите.
„Доналд Џ. Трамп е претседател на Соединетите Американски Држави. Тој е сè уште ваш претседател!“, кажа Чунг.
Демократите освоија мнозинство во двата дома на Конгресот на изборите на средина на мандатот за американскиот Конгрес – 229 места во Претставничкиот дом, каде што републиканците освоија 163, а во Сенатот освоија 54 места, во споредба со 43 за републиканците, според објавените резултати од изборните проекции.
Кога станува збор за избор на гувернери на американските федерални држави, демократските кандидати победија во 26 држави, а републиканците во 20.



