Арената „Тодор Проески“ се најде на листата меѓу топ 10 стадиони на Балканот
Арената „Тоше Проески“ во Скопје се најде на листата на топ 10 најдобри стадиони на Балканот, благодарение на својата модерна архитектура, капацитет и амбиентот кој го создаваат навивачите на домашните и меѓународните натпревари.
Во оваа ексклузивна листа се најдоа и стадиони од Хрватска, Србија, Бугарија, Грција и други земји од регионот, но македонската национална арена успеа да се издвои поради својата функционалност, меѓународна репутација и успешно домаќинство на големи фудбалски настани, како Суперкупот на УЕФА во 2017 година.