Спорт

Анчелоти: Во кариерата имам добиено четири откази, најбруталниот беше оној од Баерн 

Карло Анчелоти во својата нова книга открива дека отказот кој го добил од Баерн Минхен бил најбруталниот во неговата кариера.

На 1. октомври ќе биде објавена новата биографска книга на Карло Анчелоти – „Сонот: Како да се освои Лигата на шампиони“.

Италијанецот за својата авантура во Баерн Минхен вели дека е најбруталниот отказ кој го добил.

„Сум добил четири откази од големи клубови – Јувентус, Челси, Реал Мадрид и Баерн Минхем. Ова покажува дека не треба нестабилен претседател или непредвидлив сопственик за да добиеш отказ. И акционерите на една компанија можат да те отпуштат“ – вели Карло Анчелоти.

„Тоа беше најбруталниот отказ во целата моја кариера. По моето заминување, стигнаа до полуфиналето во Лигата на шампиони и беа елиминирани од – погодете кој! – Реал Мадрид“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons