Андоновски: Ќе се бориме младите да останат тука и од Македонија да направиме достоинствено место за живеење за младиот човек
Младите се повеќе заминуваат од Македонија, а како главни причини за нивното иселување ги наведуваат огромната корупција, лошото образование, катастрофалниот здравствен систем. Младите не си одат од Македонија само заради економски причини, си одат поради лошите политики и разурнатиот систем. Владата на СДСМ и ДУИ заборави на младите.
Денес во Битола разговаравме за иселувањето , за тоа како да ги задржиме младите тука, како заедно да ја направиме Македонија поубаво место за живеење и тука да ја градиме иднината.
ВМРО-ДПМНЕ креира политики кои ќе го подобрат квалитетот на животот, ќе се бориме за младите да останат тука и од Македонија да направиме достоинствено место за живеење за младиот човек.