Акциска контрола: Во локал на 25 малолетници им точеле алкохол
Синоќа во периодот од 22:00 до 02:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Управа за јавни приходи, Трудова инспекција и Државна пазарна инспекција извршија акциска контрола во врска со точење на алкохол на малолетни лица, соопшти МВР.
Притоа, во угостителски објект на улица „Борис Кидрич” во Тетово биле затекнати 25 малолетни лица над кои било кај кои било извршено алкотестирање со дрегер и констатирано е дека сите 25 малолетници консумирале алкохол.
Mалолетниците се предадени на родителите, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави против правното лице и против одговорното лице Н.П.(30) од Тетово.



