Sвездено небо и 16 минутен молк во Скопје во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
Со 16 минутен молк на плоштад „Македонија“ во Скопје започна собирот на граѓани во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани. Илјадници граѓани се собраа да изразат поддршка и грижа во овие најтешки моменти.
Создавајќи ѕвездено небо присутните изразија сочувство и заедништво.
Низ разни транспарентите граѓаните го искажаа својот револт и повик на одговорност.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што избувна за време на настапот на музичкиот бенд „ДНК“ на 16 март загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.