Македонија

MВР: За сите што возат непрописно електричен тротинет ќе бидат казнети со по 50 евра

Можете да заработите казна доколку возите електричен тротинет по коловозна лента. Треба да се движите само по велосипедска патека со брзина од 25км/ч и на тротоар со брзина од 6км/ч. Ова го предвидува законот за електрични тротинети усвоен во декември 2020. Неопходно е носењето заштитен шлем а навечер и флуоресцентен елек. Во спротивно казните се движат од 50 евра нагоре, зависно од прекршеното правило.

Често пати граѓаните се жалат дека поради недостиг од инфраструктура не можат да се движат со ова ново превозно средство. Портпаролот на МВР вели дека за улиците надлежни се општините но додава дека за безбедноста на тие кои управуваат со електричен тротинет како и заради безбедноста на останатите во сообраќајот, треба да се движат само на тие делови каде што има соодветна инфраструктура.

Во текот на минатата година немало ниедна жртва од возачите на тротинети, но тешко биле повредени 11 лица, а 22 се здобиле со полесни повреди. Сигнализацијата која важи за со другите превозни средства важи и за електричните тротинети.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons