Kaрла дел Понте: Уапсете го Путин!
Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте го повика Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.
– Путин е воен злосторник, истакна дел Понте, која ги истражуваше воените злосторства во Руанда и во поранешна Југославија, во интервју за францускиот дневен весник „Темпс“ (Le Temps).
Издавањето налог за апсење не значи дека Путин ќе заврши зад решетки.
– Ако остане во Русија, тоа никогаш нема да се случи. Но, тој не можеше да ја напушти земјата и тоа би бил силен сигнал за него дека има многу држави против себе, наведе дел Понте.