Актуелно

Kомеморација по повод 82 години од холокаустот на македонските Евреи 

Еврејската заедница во Република Северна Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија во рамки на одбележувањето 82 години сеќавање на холокаустот на македонските Евреи, денеска во Скопје, ја организираат централната комеморативна активност со оддавање почит пред Споменикот на 7144 депортирани македонски Евреи во скопскиот Монопол.

Свои обраќања по тој повод, како што најавуваат организаторите, ќе имаат претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви, амбасадорката на Државата Израел Симона Франкел и претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски.

Бројни делегации, владини и државни претставници и претставници на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ќе оддадат почит на Могилата на депортираните македонски Евреи и на Споменикот на паднатите борци од НОБ на Градските гробишта „Бутел“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons