Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2000 тони пченица и јачмен во вредност од 800.000 евра од државните стокови резерви да се најдат на црн пазар на една соседна држава
Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,
Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2000 тони пченица и јачмен во вредност близу 800.000 евра од државните стокови резерви да се најдат на црн пазар на една соседна држава.
Иако пченицата постоела и била употреблива, Димковски и уште 4 лица направиле записник во кој напишале дека има помалку 2000 тони јачмен и пченица, а овој записник, Заев, Филипче и Николовски, без никакви проверки го заклучиле на владина седница.
Со оваа постапка, се поставува прашањето дали Заев, Филипче и Николовски биле свесни за криминалот што се случувал во Агенцијата за стокови резерви? Дали Димковски за овој криминал кој е проценет на близу 800.000 евра, добил дозвола и насока од страна на Заев, Филипче и Николовски? Дали ова трио, добило еднаков процент и затоа сега Димковски ќе лежи за овие тројца? Затоа ли од страна на СДС, толку се гласни за земјоделството, затоа што знаат каков криминал имаат направено?
Почитувани граѓани,
Владеењето на СДС со државата изобилува со криминални и коруптивни методи. Наместо државата да има стокови резерви, тие најверојатно завршувале на црните пазари во една соседна држава, продавајќи ги за енормно повисоки цени. Наместо парите да ги вратеа кај граѓаните и земјоделците, тие си ги пикнаа во џеб.
Правда и одговорност мора да има и од првиот ешалон на тогашната власт.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=PstNAXnjXJQ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



