МакедонијаНајново

Рефрендум „за“ и „против“ коцкарниците во Тетово

Општина Тетово ќе организира референдум за отстранување на казината и обложувалниците од градот. Ова го потврди првиот човек на општина Тетово, Билал Касами, по дебатата организирана од Движењето Антикоцкање, од каде произлезе и ова барање. Експертите оценија дека референдумот нема да има влијание врз законските измени, но барем ќе пренесе порака за односот на жителите на Тетово за коцкањето.

„Денес ќе го дадеме следниот предизвик, народен референдум, кој ќе биде поддржан и аргументиран, и од оваа расправа ќе се извлечат заклучоците со кои општинскиот совет ќе биде обврзан да го реши прашањето со коцкањето. Така ќе го задолжиме општинскиот совет по секоја цена да го отстрани овој дамнешен проблем“, рече Џемал Абдиу, Движење против коцкање.

„Во консултации сме со експерти по прашањето да се најде правна основа општината да организира референдум. И покрај финансиската состојба во која се наоѓаме, ќе најдеме начин и сила да ја организираме целата оваа активност“, рече Билал Касами, градоначалник на Тетово.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons