Граѓаните не веруваат дека непотизмот и корупцијата може да се искоренат
Граѓаните кои пред неколку месеци ја рангираа довербата во правосудните институции на 8%, денес делуваа уште пореволтирано и покрај надежите од американскиот тим. Граѓаните не се ни надеваат дека состојбата ќе се подобри, бидејќи корупцијата го осакати секој друг сегмент или институција. Партизацијата, непотизмот и корените на корупцијата, според нив, не можат да се искоренат.
„Судовите? Не. Затоа што не се праведни, затоа што таму нема професионализам, има корупција. . Мора да дојдат вистинските луѓе, на вистинското место“, велат граѓаните.
Граѓаните го изразуваат својот скептицизам и велат дека секоја меѓународна декларација повеќе не претставува надеж за нив, за состојбата во правосудството.