КАКВА ЌЕ БИДЕ ЦЕНАТА НА НАФТАТА ДОГОДИНА: САД ја намалија прогнозата за 2023 година.
За следната година американската агенција за енергетски информации предвидува дека цената на нафтата од типот „брент“ во просек ќе биде 92,36 долари за барел.
Американската енергетска информативна агенција (ЕИА) ја ревидираше својата прогноза за цената на суровата нафта од типот Брент за следната година, наведувајќи го очекуваното зголемување на глобалните залихи на крајот на 2023 година.
Во декемврискиот краткорочен преглед на трендовите на цените на енергетските пазари, EIA ја намали проценката на цената на нафтата Brent за 2022 година на просечни 101,48 долари за барел, а американската нафта WTI на 95,22 долари.
Во извештајот од минатиот месец, овие бројки беа 102,13 долари за Брент и 95,88 долари за WTI.
Пад на глобалните резерви на нафта
За следната година, ЕИА предвидува дека цената на нафтата од типот Брент ќе биде во просек 92,36 долари за барел, што е за три долари пониска од претходната прогноза, а за WTI очекува просечна цена од 86,36 долари за барел, пренесува Анадолија.
ЕИА вели дека глобалните залихи на нафта се очекува да паднат за 0,2 милиони барели дневно во првата половина на 2023 година, пред да пораснат за 0,7 милиони барели дневно во втората половина.Ал џезира