СОНК оди на штрајк од 11 април
Претседателот на СОНК Јаким Неделков ексклузивно за Сител изјави дека советот на СОНК донел одлука за стапување во штрајк.
– Штрајкот ќе започне на 11 април, а до кога ќе трае ќе зависи од преговорите со надлежните министерства и со владините претставници, или ќе трае дотогаш додека не се договориме, рече Неделков.