Актуелно

Путин пред мајките на војниците изјави дека не жали што ја почнал војната 

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со мајките на руските војници кои се борат во Украина. Средбата се одржа на барање на мајките, а Путин ги потсетува да не веруваат во се што ќе видат на телевизија и интернет. 

„Не жалам што ја почнав војната во Украина, но сакам да знаете дека ја делам болката со оние кои ги изгубиле своите синови“, рече Путин.

Русија последен пат јавно ги обелодени своите загуби на 21-ви септември, кога министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека се убиени 5.937 руски војници. Војната во Украина трае 275 дена. 

Руската армија продолжува да ја уништува енергетската инфраструктура низ цела Украина. Властите во Киев велат дека околу 50 проценти од енергетската инфраструкура има претрпепено некако оштетување. 

„Мора да продолжиме да се држиме вака и во иднина. Во единство и меѓусебно помагање“, порача украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Во вчерашното руско гранатирање на украинскиот град Херсон загинаа 10 цивили, а 54 беа ранети. 

Путин рече дека не е потребно дополнително регрутирање војници во рамки на делумната мобилизација, пренесува РИА Новости. Гувернерот на југоисточната украинска област Херсон, Јарослав Јанушевич денеска изјави дека „поради постојаното гранатирање“ биле евакуирани пациентите од неколку болници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons