Денес нови дојави за бомби во шест скопски училишта
Денеска (02.11.2022) во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.
Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.