Актуелно

Опожарена голема површина борова шума во Кривопаланечко 

Локализиран е пожарот што вчера попладне  избувнал во атарот на селото Крстов Дол, кривопаланечко. Од Регионалниот центар за управување со кризи, Куманово, информираа дека пожарот избувнал на вчера околу 16 часот и 50 минути.

Командирот на територијалната противпожарна единица Крива Паланка, Иле Коцевски рече дека пожарот зафатил голема површина борова шума, а е ставен под контрола дури утрово околу десет часот.

– Со пожарот е опожарна борова шума, на површина од околу триесетина хектари. Пожарот поради топлото време се проширил многу брзо, гореа три рида,а огнот доспеал речиси до граничниот појас со Република Србија. Сѐуште не е ликвидиран пожарот, во чиешто гасење интервениравме со едно противпожарно возило, пет пожарникари , петмина претставници од Јавно претпријатие “Национални шуми, подрачно шумско стопанство „Осогово”, Крива Паланка, рече Коцевски.

Во гаснењето учествувале и екипи на ПЕ на центарот за управување со кризи, Крива Паланка.
Конкретната опожарена површина и причините за настанување на пожарот ќе бидат дополнително утврдени. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons