Актуелно

И денешните пријави за бомби во девет училишта се лажни 

Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје добиле мејл со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, известуваат од Министерството за внатрешни работи.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons