Од вечерва на полноќ повторно поскапуваат горивата
Од вечерва на полноќ одново поскапуваат горивата. Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари.
Така ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе се продава по цена од 85,5 денари, а ЕУРОСУПЕР 95 ќе биде 83,5 денари по литар. Литар ДИЗЕЛ од утре ќе се продава за 87,5 денари.
Се зголемува и цената на екстралесното масло за домаќинство за 3 денари, и ќе изнесува 84 денари.