НАЈНОВА ВЕСТ: Значителна промена на цената на нафтата денеска!
На крајот на вчерашниот работен ден на берзата во Лондон, цената за барел сирова нафта “брент” застана на 86.15 $. Целиот петок беше исполнет со остар пад на вредноста на црното злато.
Во некои периоди од денот барелот се спушти и под 85.8 долари, а меѓу отварањето и затворањето на берзата- цената за едњн ден се спушти за неверојатни 4,76%.
Сега цената на нафтата е на ниво од 14-ти јануари, а пред неполн месец беше и над 120 долари. Истата ситуација се алучува и на американските берзи каде падот е уште поголем.
На цените пред се влијае одлуката на американската ФЕД за новото зголемување на референтните каматни стапки за 0,75% со кое треба да се намали потрошувачката на пари и побарувачката на стоки и услуги. Тоа според ФЕД е најдобриот лек за сопирање на инфлацијата која во САД засега не стана двоцифрена.
Намалена е и побарувачката за нафта поради скапите цени на бензините за автомобилите поради што тие помалку се користат. На овој сегмент, побарувачката влијае и тоа што повеќе големи кинески градови се во карантини, а Кина веќе две децении е најголем светски потрошувач и купувач на нафта и енергенси.