Се укинува забраната за движење во шума
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја укина забраната за движење во шума и шумско земјиште. Како што се наведува во соопштението, забраната е укината по претходно барање на ЈП „Национални Шуми“ – Скопје, од каде е добиена проценка дека е намалена опасноста и ризикот за појава на шумски пожари.
Забраната беше воведена на 24 јуни.