Актуелно

„ЛЕБНА ТРЕСКА“ ЈА ТРЕСЕ ЕВРОПА, ЦЕНИТЕ ВО НЕКОИ ОД ЗЕМЈИТЕ СКОКНАА И ЗА 66 ОТСТО:Ова е највисокото ниво откако Евростат ги објавува податоците 

Поради војната во Украина, цените на лебот во ЕУ минатиот месец вртоглаво пораснаа – во просек за 18 проценти.

Ова е највисокото ниво откако Евростат ги објавува податоците (од 2017 година). Минатата година, отприлика ова време, просечната цена на лебот во Унијата беше „само“ 3% повисока во споредба со август 2020 година.

Конфликтот меѓу Русија и Украина – кои се главни извозници на жито – го попречи извозот, односно блокадата на пристаништата на Црното Море. Русија го загуби пристапот до пристаништата на Балтичкото Море преку кои извезуваше амонијак, клучна состојка за производство на ѓубрива.

Потоа следеше силен раст на цената на житото на светските берзи, а последиците секако ги чувствуваат земјите од ЕУ.

Така, во споредба со ланскиот август, лебот најмногу поскапе во Унгарија и тоа за дури 66 отсто. Следат Литванија со 33 отсто, а Естонија и Словачка со 32 отсто.

Тие се блиску и до Хрватска, каде што цената на лебот во август оваа година е за 31 отсто повисока во споредба со истиот месец во 2021 година. Еуростат понатаму известува дека значително зголемување на цената – од 30 проценти – се чувствува и во Полска и Латвија.

Поскапувањето на лебот во Германија и Словенија е најблиску до просекот во Унијата, покажуваат податоците. Најмал скок е забележан во Франција (8%), во Холандија и Луксембург (10%).

Инаку, цените на овие прехранбени производи во рамки на ЕУ континуирано растат од почетокот на годинава, а во февруари, кога започна руската инвазија на Украина, во просек се повисоки за 8,3 отсто во однос на истиот месец во 2021. 

Поради војната во Украина, цените на лебот во ЕУ минатиот месец вртоглаво пораснаа – во просек за 18 проценти.

Ова е највисокото ниво откако Евростат ги објавува податоците (од 2017 година). Минатата година, отприлика ова време, просечната цена на лебот во Унијата беше „само“ 3% повисока во споредба со август 2020 година.

Конфликтот меѓу Русија и Украина – кои се главни извозници на жито – го попречи извозот, односно блокадата на пристаништата на Црното Море. Русија го загуби пристапот до пристаништата на Балтичкото Море преку кои извезуваше амонијак, клучна состојка за производство на ѓубрива.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons