Цената од 56 скокна на 246 денари за литар: Угостителите го ИСФРЛААТ од менито едно од омилените јадења поради цената на зејтинот
Поради украинската криза, во Германија граѓаните ги празнат полиците со сончогледово масло за готвење, а угостителите први го исфрлуваат помфритот од менито поради недостаток на зејтин и високата цена.
Бидејќи Украина е значаен производител на сончогледов зејтин и маслодајна репка, земја од која Германија ги увезува овие производи, Германците стравуваат дека наскоро ќе мора да се откажат од помфритот.
Првиот угостител кој го направил тоа е Фреди Базел од Дармштат. Како што изјавил за „Билд“ имал проблем со зејтинот за во фритеза, како и дека сончогледовиот е многу скап.
Во јануари Базел плаќал 90 евро центи за литар масло од репка, а денеска истото чини и до четири евра за литар. Тоа е вели прескапо, и било неизбежно драстично да ја зголеми цената на помфритот. Потоа го тргнал од менито.
Во германските супермаркети цените на зејтинот се покачени за 29 проценти.