Свет

НАЈНОВА ВЕСТ: Воен конфликт избувна ноќеска меѓу овие две земји- летаат ракети и дронови Бајрактар (ВИДЕО)

Азербејџанските војници ги нападнаа ерменските позиции на три места со артилерија и оружје од висок калибар, јави руската новинска агенција, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Ерменија

Во меѓувреме, азербејџанското Министерство за одбрана во Баку извести дека борбите биле предизвикани од обид за ерменска саботажа
Азербејџан доцна синоќа изврши напад од различни правци во близина на границите со Ерменија, во соседните области Варденис, Горис, Капан и Џермук.

Еден жител на Горис изјави за ерменските вести NEVS.am дека артилеријата се слушаат во градот од 23:30 часот синоќа. Тој изјави дека нападот се случил во областа Севлич.

Жителите забележале и дронови во правец на Корнијор.

Ана Григорјан, членка на опозициската ерменска парламентарна фракција, истакна дека азербејџанските вооружени сили извршиле напад и во насока на Капан, користејќи беспилотни летала.

Во меѓувреме, азербејџанското Министерство за одбрана во Баку извести дека борбите биле предизвикани од обид за ерменска саботажа.

Двете земји со децении наназад имаат несогласувања за регионот Нагорно-Карабах, кој во советско време имаше мнозинско ерменско население, но легално беше дел од Азербејџан.

По распадот на Советскиот Сојуз, Нагорно-Карабах прогласи независност од Баку како Република Арцах, со поддршка од Ереван, што предизвика тригодишна војна.

Војната заврши во 1994 година со победа на Ерменија, а Нагорно-Карабах беше под ерменска контрола четвртина век, иако неговиот статус никогаш не беше меѓународно признат.

По една деценија стагнација, Азербејџан во 2020 година повторно зазеде големи делови од регионот, принудувајќи ја Ерменија да направи големи територијални отстапки. Ова вклучуваше одредба со која се ограничува пристапот на Ерменија во регионот до безбеден коридор надгледуван од руски мировници.

Во меѓувреме, примирјето на неколку пати беше прекинувано со спорадични напади од двете страни.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons