Македонија

Mијалков се пријави во струшкиот затвор, дошол со куфер и без обезбедување

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков се пријави во струшкиот затвор за издржување на тригодишната казна затвор за случајот „Империја“. Тој зад решетки требаше да се најде на осми овој месец, но побара двонеделно одложување на издржувањето на казната поради здравствени причини, а Судот во Охрид неговото барање го одобри.

Како што дознава порталот „А1он“, Мијалков дошол до затворот со куфер и без обезбедувње.

Пресудата на поранешниот прв човек на тајната полиција му беше изречена на 8 јули. Тој призна вина за „злосторничко здружување“ и „противправно стекнување имот“ во делото „Империја“, за што спогодбено доби три години затвор, но и конфискација на пари и имот, во вкупна вредност од околу 36 милиони евра. Пред да биде изречена пресудата, Мијалков ја промени адресата на живеење во Охрид, па така казната ќе ја одлежува во струшкиот затвор, кој е од полуотворен тип.

Покрај Мијалков, во затворот во Струга се наоѓа и бизнисменот Орце Камчев, осуден за истиот случај.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons