МакедонијаНајново

Проширена истрагата против Мухамед Зекири за „приватизација“ на железницата

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја прошири истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири. 

Станува збор за уште еден кривично-правен случај, каде владата преку тогашниот генерален секретар Мухамед Зекири склучила договор со правно лице за консултантски услуги за реорганизација на Железницата. Обвинителството се сомнева дека и овој договор е склучен без тендер. 

Тој веќе е осомничен за злоупотреба на службената положба од април, кога Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција против Зекири и уште двајца хрватски државјани отвори случај за договор за консултантски услуги без постапка за јавна набавка, а според медиумски натписи, за реорганизација на АД Пошта.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons