Спорт

Крај на една ера: Фетел заминува во пензија, а ова е причината

Германскиот возач во Формула 1, Себастија Фетел објави дека на крајот од сезоната ја завршува својата професионална кариера.

Фетел на својот Инстаграм објави видео во кое објаснува зошто се повлекува по 15 години.

Во својата кариера тој четири пати беше првак (2010, 2011, 2012 и 2013), а возаше за БМВ, Торо Росо, Ред Бул, Ферари и Астон Мартин.

Двапати се најде на вицешампионското место, забележа 53 победи во кариерата, 122 пати се најде на подиумот. Единствени возачи со повеќе триумфи од него се Луис Хамилтон со 103 победи и Михаел Шухамер со 93 победа.

Во објавеното видео, Фетел вели дека покрај животот на патеката, тој има и живот надвор од неа.

Трите деца и сопругата и посветувањето на семејниот живот и негова присутност во секојдневните активности е главната причина зошто тој се повлекува.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons