Спорт

Македонските тенисерки го победија Косово и обезбедија финале 

Женската тениска репрезентација на Македонија ќе игра во финалето на турнирот од третата Европ-африканска зона во „Били Џин Кинг“ купот откако денеска со 2-0 го совлада Косово. 

Македонските тенисерки Магдалена Стоилковска и Лина Ѓорческа лесно ги совладаа своите противнички од Косово.  Стоилковска со 6-0 и 6-1 беше подобра од Доника Батшота, а Ѓорческа со 6-2 и 6-2 ја победи Адријана Лекај. Во финалето Македонките ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Република Ирска и Португалија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons