Магазин

Одлични совети за зајакнување на менталното здравје, стари 400 години 

Роберт Бартон бил британски свештеник и академик кој во 1621 година го објавил своето најпознато дело „Анатомијата на меланхолијата“, во кое ја објаснил улогата на оваа емоција во расположението на човекот. 

Бидејќи и самиот често доживувал меланхолични моменти, многу добро го познавал овој проблем, кој дополнително може да доведе до депресија, обесхрабрување и мрзливост. Неговата работа стара 400 години ја забележала шкотската новинарка Еми Липтрот, која решила да му даде нов живот на изданието во форма на радиопрограма на каналот Би-би-си, со наслов „Новата анатомија на меланхолијата“. Целта е слушателите да откријат што ги поврзува луѓето што живееле во 17 век и нас денес, во смисла на меланхолија. 

Следење на состојбата и капење во студена вода

Роберт Бартон имал можност да спознае за ова нарушување и од аспект на пациент и од аспект на академик, но особено бил заинтересиран за поврзаноста на депресијата, генските фактори и влијанијата врз животната средина. Иако не дошол до заклучоци со собирање податоци, тој утврдил дека постои можност за пренесување од генерација на генерација, но и дека може да се излекува, доколку се најде коренот на проблемот.
пливање
Фото: Freepik

Сите знаеме дека понекогаш ги повторуваме истите форми на однесување и паѓаме во соодветната шема. Затоа, Роберт Бартон предложил нуркање во мраз студена вода, што е непријатно на прв поглед, но ни помага подобро да се справиме со стресот на психолошко и клеточно ниво. Овој чекор исто така ги спречува воспалителните процеси во телото.

Рамнотежа, социјален живот и природа

Една од теориите што тој ги застапувал е умереност во учењето и работата бидејќи на човекот му треба друг вид активност што го зајакнува менталното здравје. Вежбањето и социјалниот живот не треба да се занемарат, но треба да се најде мерка помеѓу работата и задоволството. 

Тој видел голем потенцијал во престојот во природа, пешачењето, па дури и одгледувањето растенија. Ова не е непознато и се покажа дека е многу ефикасно во ублажување на промените на расположението. На крајот, не треба да ја потценуваме улогата на пријатели пред кои можеме да ја отвориме душата и да кажеме што нѐ мачи. Секако, секој треба да процени кој е најдобриот лек за него.

Извор: Womenshealthmag.com
Фото:

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons