Беќаровски: Бројките на заразени од Ковид-19 ќе започнат рапидно да растат
Доктор Нико Беќаровски вели дека бројот на заразени со Ковид-19 ќе почне рапидно да расте, но сепак болниците нема да се преполнат со пациенти.
-Бројките во дневната статистика за Ковид-19 ќе започнат рапидно да растат во следните недели како резултат на доаѓањето на Омикрон-БА 4 и 5 и тоа е лошата вест.
Добрата вест е што сепак болниците ќе ни останат полупразни, напиша докторот Беќаровски на фејсбук.