Свет

Над 20.000 нови случаи на Ковид-19 во Грција 

По речиси три месеци, во Грција повторно се регистрирани над 20.000 нови случаи на Ковид-19, односно вкупно 20.084 новозаразени и 3.664 реинфекции, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во последното деноноќие починале 16 лица, а 95 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.644.889 случаи на Ковид-19, се проценува дека има 165.417 реинфекции што е 4.3 отсто од вкупниот број на позитивни резултати, а починаа вкупно 30.206 лица.

Пракса на Националната организација за јавно здравје на Грција е во секојдневните соопштенија за ситуацијата со Ковид-19, посебно да ги објавува бројките поврзани со нови случаи и посебно бројките со повторни заразувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons