Македонија

Храбриот Марко Пејчиновски исплива 20 километри во Охридско Езеро за 6 часа 


Храбриот Марко Пејчиновски пристигна пред вила „Марко“ во Трпејца во 15:45 часот. Вкупното време на пливање е 6 часа 5 минути 39 секунди. Неуморното момче утрово нешто пред 10 часот го започна препливувањето на Охридското Езеро од Радожда до Трпејца. Езерото беше мирно, а временските услови одлични за остварување на третата од вкупно десет цели кои Марко вети дека ќе ги оствари ова лето. Неговиот подвиг се пренесуваше на неговата Фејсбук страница. 

Марко ова лето на Охридското Езеро треба да плива десет различни делници во вкупна должина од околу 250 километри.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons