Актуелно

ЕСМ нуди за 17 отсто поскапа струја кон ЕВН, финалната цена ќе ја утврди Регулаторна 

ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија, на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули – декември 2022 доби понуда од АД ЕСМ за 17 отсто повисока од актуелната.

„АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач на тендерот, преку електронска аукција, му понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегават час, за покривање на 100 отсто од вкупно планирнаите количини.

Добиената купопродажна цена од 48 евра за мегават час за периодот јули – декември 2022 е за 17 отсто повисока од претходната која веќе беше добиена на последниот тенедер на универзланиот снабдувач (јануари – јуни 2020), кога АД ЕСМ понуди купородажна цена на електрична енергија од 41 евра за мегават час за вкупнопланираните потреби на ЕВН Хоме“, не информираат од ЕВН.

За цената на електричќната енергија на ЕВН Хоме во наредниот перид ќе одлучува Регулаторна комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на преносниот систем оператор МЕПСО, цената на операторот на електрична енергија МЕМО како и цената на дистрибутивниот систем Електродистрибуција.

Извесно е дека струјата ќе поскапи барем според параметарот на ЕСМ, а се другото ќе зависи од тарифите на останатите енергетски компании, а дополнително ќе се утврдува и за тарифниот систем на блокови кој го најавува Регулаторната комисија за енергетика.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons