СТОЛЧИЊА ПРЕД ВЛАДА, втор ден штрајк, ССМ бара покачување на платите
Сојузот на синдикатите на Македонија објави слика со столчиња наредени пред Владата на Македонија со што го најавија денешниот штрајк.
СЕ ПОДГОТВУВАМЕ ДА НЕ ПРЕЧЕКААТ ИСТО КАКО НА 1 МАЈ. 21 СТОЛЧЕ ЗА 21 МИНИСТЕР ОД 10 ДО 14 ЧАСОТ НА УЛИЦА
Со овие зборови ССМ денеска го најави штрајкот пред Владата, втор ден од почетокот на генералниот штрајк во јавниот сектор.
Синдикатите најавија дека штрајкот ќе се спроведува со присуство на работниците на своите работни места со прекин на работниот процес во работно време со минимум од процесот на работа за овозможување обнова на работата по завршување на штрајкот…
Во петок, на 24.06.2022 година протестот ќе се пресели пред Министерството за финансии на Даме Груев бр.12 каде ќе бидат претставници на ССМ и на улицата и на плочникот пред Министерството и ќе упатат пораки до Министерот од 10 до 14 часот – се вели во соопштението од ССМ.