Актуелно

120 СТОЛЧИЊА НА ТОПЛО НА УЛИЦА – ССМ го започна штрајкот 

Сојузот на синдикатите на Македонија објави слика со столчиња наредени пред Собранието на Македонија со што го најавија денешниот штрајк. 

120 СТОЛЧИЊА НА ТОПЛО НА УЛИЦА… АКО МОЖЕШ, ПРИКЛУЧИ СЕ ВО 10, ова е мотото на синдикалците, кои денеска го започнаа генералниот штрајк во јавниот сектор, со присуство на работниците на своите работни места со прекин на работниот процес во работно време со минимум од процесот на работа за овозможување обнова на работата по завршување на штрајкот…

Согласно најавата на ССМ, пред Собранието, поточно на Булевар 11 Октомври поставени се 120 столчиња за пратениците во период од 10 до 14 часот и со тоа ќе биде прекинат сообраќајот. 

Синдикалците најавија дека утре, или на 23.06.2022 година пред Владата на Булевар Илинден број 2 претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија ќе бидат на булеварот и на истиот ќе бидат поставени 21 столче за членовите на Владата во период од 10 до 14 часот и со тоа ќе биде прекинат сообраќајот. Подготовките за поставување на столчињата ќе започнат во 09 часот истиот ден. 

Веќе во петок, на 24.06.2022 година протестот ќе се пресели пред Министерството за финансии на Даме Груев бр.12 каде ќе бидат претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија и на улицата и на плочникот пред Министерството и ќе упатат пораки до Министерот од 10 до 14 часот – се вели во соопштението од ССМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons